Подобрување на туристичкиот потенцијал на општините Ќустендил и Конче – заедничка одржливa иднина
Проектот е кофинансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020.
Оваа веб-страница е направена со помош на Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на веб-страницата е одговорност единствено на Оппштиа Ќустендил и на никаков начин не треба да се толкува како став на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.
Изградба на транспортен пристап и пристап на пешаци до природното обележје – водопадот Полска Скакавица. Локација – општина Ќустендил, Бугарија, село Полска Скакавица Сегашните инвестиции во инфраструктурата го подобрија транспортниот и пристапот на пешаци до природното обележје – водопадот Полска Скакавица, прогласен за природно наследство во 1968 година, како и туристичката инфраструктура на оваа област. Тие се дел од мерките за развој на туризмот во регионот преку употреба на атрактивен природен потенцијал на територијата на општина Ќустендил. Водопадот Скакавица е обележје од големо природно и културно значење. Главниот пад на водопадот има височина од 53м, а растојанието помеѓу највисоката точка, од кадешто започнува водопадот, до нивото на реката Струма изнесува 70м. Ако водопадите во Бугарија се рангираат според нивната активност низ целата година, Скакавица би бил на првото место. Инвестициските активности се фокусирани врз рехабилитација на општинските патишта, изградба на еко патеки, паркинг места и зони за одмор и набљудување според разработен технички план. Овој план е спроведен според барањата на PRAG(процедурален и практичен прирачник) и применетото национално законодавство. Инвестициските активности вклучуваат:
- Под-проект 1 –рехабилитација на општинскиот селски пат и одредување места за одмор и набљудување во домен на PI 000760, PI 000754 и PI 000225 од земјиштето на Полска Скакавица, општина Ќустендил.
- Под-проект 2 – Изградба на еко патека и одредување на места за одмор и набљудување во домен на 000 219 земјиште на Полска Скакавица, општина Ќустендил.
- Под-проект 3 – Маркирање на веќе постоечки патеки и поставување на привремени конструкции.
Имплементацијата на инвестициските активности нуди живописен поглед кон Струмската котлина, водопадот и карпестите масиви наоколу. Пешачките патеки им нудат на посетителите да ги запознаат природните богатства на регионот и да го набљудуваат водопадот од различни страни. Изведувач на инвестициските активности: Строителна Фирма Рила Доо, Ќустендил. Период на имплементација: 9 месеци, 2017-2018