Подобрување на туристичкиот потенцијал на општините Ќустендил и Конче – заедничка одржливa иднина
Проектот е кофинансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020.
Оваа веб-страница е направена со помош на Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на веб-страницата е одговорност единствено на Оппштиа Ќустендил и на никаков начин не треба да се толкува како став на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.
Урбано уредување и инсталирање урбана опрема на локација
„Туристичка населба Мантово“
Локација – Општина Конче, Македонија
Туристичка населба Мантово (Езеро Мантово)
Реализираните инвестициски работи од инфраструктурен карактер го подобрија пристапот до природната локација во близина на Мантовското Езеро (Влашки Колиби) и обезбедија можност за престој на туристи и посетители.
Градежните активности се дел од стратешките цели и мерки за развој на туризмот во регионот преку користење на атрактивностите на природниот потенцијал на територијата на општина Конче.
Во поглед на туризмот, езерото Мантово и неговата околина може да понудат бројни погодности, како: чист воздух, прекрасен природен пејсаж со импресивни вулкански купи во околината, разновиден жив свет, мир и тишина со која се карактеризира територијата на езерото.
Езерото се наоѓа на одалеченост од 15 km од Конче, 18 km од Радовиш и 25 km од Штип. Сместено е во северозападниот дел на Општина Конче, во непосредна близина на селата Долни Радеш, Габревци и Долна Враштица. Мантово е изградено кон крајот на 70-тите години на минатиот век, со преградување на реката Крива Лакавица. Преградувањето е направено со камено-насипна брана со глинено јадро. Езерото има правец на протегање северозапад-југоисток, со должина од 4,5 km и просечна ширина од 600-800 m. Брегот, долг 15,2 km, е доста разгранет со 6 истакнати заливи и неколку полуострови. Просечното ниво на езерото се наоѓа на надморска висина од 402 m, но истото осцилира по неколку метри, во зависност од сезоната. Мантово максимално може да акумулира 49 милиони метри кубни вода.
Инвестициските активности се фокусираат на обезбедување пристап до локацијата, урбано уредување, инсталација на урбана опрема, систем за наводнување и оградување по Техничкиот проект и тендерската документација. Процесот беше спроведен според барањата на ПРАГ и применливото национално законодавство.
Генерално, инвестициските односно градежните работи се состоеа од:
- Функционални решенија и урбано уредување – Пристап од регионалниот пат и паркинг;
- Мал летниковец;
- Голем летниковец;
- Влашки колиби (3 единици);
- Патеки внатре во локацијата;
- Хортикултурно уредување;
- Систем за наводнување на зелената површина;
- Оградување на локацијата.
Реализацијата на инвестициската активност обезбедува исклучително живописен поглед на Мантовското Езеро и неговата околина и претставува пријатно место за одмор и рекреација.
Изведувач на градежните активности: „Универзал Градба“ ДООЕЛ, Струмица
Период на реализација: 7 месеци, 2017-2018