1-3 февруари 2018 година, Конче (Радовиш)
Општина Конче организира работилница на тема „Градење соодветен однос со клиенти“. Истата е наменета за зајакнување на капацитетите и вештините на вработените во сферата на туризмот за градење врски и релации со клиентите на отворен начин, организирање и користење на постоечките ресурси за создавање атрактивна понуда, постигнување на заедничката цел и зголемување на профитабилноста од атрактивни и квалитетни услуги.
Работилницата се одржува на 1, 2 и 3 февруари 2018 година во ресторанот „Маг-Марг“, Радовиш.
Работилницата е дел од проектот „Подобрување на туристичкиот потенцијал на општините Ќустендил и Конче – заедничка одржливa иднина“, бр. CB006.1.21.164, кофинансиран од ЕУ преку Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.