2-3 март 2018 година, Конче (Радовиш)

Општина Конче организира работилница на тема „Одржливо искористување на природата и културата во развој на туризмот“. Истата е наменета за зајакнување на капацитетите и вештините на вработените во сферата на туризмот за: разбирање на ланецот на снабдување во туризмот, релациите помеѓу давателот на услуги и останатите чинители, логистика, улогата на природата и културата во ланецот на туристички продукти (силни страни и недостатоци), концепт и анализа на системот на вредности, концепт и анализа на туризам заснован на заедницата, користењето на природните и културните ресурси во создавањето туристичка понуда.

Работилницата се одржува на 2 и 3 март 2018 година, во ресторанот „Маг-Марг“, Радовиш.

Работилницата е дел од проектот „Подобрување на туристичкиот потенцијал на општините Ќустендил и Конче – заедничка одржливa иднина“, бр. CB006.1.21.164, кофинансиран од ЕУ преку Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.

Програма