26-27 март 2018 год., Кустендил Општина Кустендил организира рааботилница на тема „Оддржливо искористување на природата и културата во развој на туризмот“. Истата е наменета за трансфер на знаења и вештини на чинителите од општината во сферата на туризмот за ефективно искористување на природните и културните ресурси  во креирањето конкурентнни туристички продукти и понуда . Работилницата се одржува на 26 и 27 март 2018 год. (понеделник и вторник) во Сината сала на културниот клуб „Братство 1869”, Кустендил. Работилницата е дел од проектот „Подобрување на туристичкиот потенцијал на општините Ќустендил и Конче – заедничка одржливa иднина“, бр. CB006.1.21.164, кофинансиран од ЕУ преку Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.

Програма