
Подобрување на туристичкиот потенцијал на општините Ќустендил и Конче – заедничка одржливa иднина
Проектот е кофинансиран од ЕУ преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија 2014-2020.
Оваа веб-страница е направена со помош на Европската Унија преку Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија-Македонија CCI No 2014TC16I5CB006. Содржината на веб-страницата е одговорност единствено на Оппштиа Ќустендил и на никаков начин не треба да се толкува како став на Европската Унија или на Управувачкиот орган на Програмата.
Ќустендил
Ќустендил се наоѓа на 525 м надморска височина во југозападна Бугарија, во пограничниот регион на ПЈР МАкедонија и Србија. НА север, Ќустендилската долина е опкружена со лавиринтот на Краиште, на југ со Осоговските Планини, на запад со планината Лисец а од североисток со Коњавска планина. Реката Струма ја сече долината од север кон југ формирајќи ги Земенската и Скринската клисура. Чистата и недопрена природа во регионот на Ќустендил е причина зошто денес регионот поседува зачувани, уникатни живеалишта кои се дом на голем број ретки и загрозени видови на животни и растенија. Многу однив се ендемични- можат да се сретнат само во овој дел од Бугарија и никаде на друго место. Регионот на Ќустендил, со своите густи и стари шуми е првото место во кое повторно заживеа рисот, истребен од минатиот век. На двочасовна прошетка низ Струмската клисура и по падините на Земенската клисура и Коњавската планина можат да се забележат повеќе видови на пеперутки отколку на сите Биртански острови заедно. Овде може да се сретнат многу заштитени видови: Јужниот фестон (Zerynthia Polyxena), Големиот бакарец, Големата синица, Jersey Tiger(Euplagia quadripunctaria), Еленчето и многу други. Во областа на Ќустендил можат да се сретнат преку 250 видови птици што е повеќе од половина од сите видови фауна во Бугарија. Многу од нив се гнездат овде. Низ овој предел минува познатиот Аристотелски миграциски пат. Загрозените видови на глобално ниво, како што е потковичарот, грчката желка и многу други водоземци и рептили сѐ уште можат да се забележатво овој дел од земјата. Рибната фауна на реката Струма и нејзините притоки е многу специфична. Овде може да се забележат неколку видови риби кои ги има само на ова место и во некои поголеми реки во Бугарија и на Балканот. Тука спаѓаат струмската гомнушка, струмската вретенушка, македонската пастрмка, струмската мрена, кленот, вардарскиот скобуст.
Конче




Општина Конче се наоѓа во Југоисточниот дел на Р.Македонија на 150 км оддалеченост од Скопје десно од патот Радовиш-Струмица. Опкружена е со Конечка планина и Смрдешник, односно општините Штип, Неготино, Демир Капија, Валандово, Струмица, Василево и Радовиш. Во Општина Конче припаѓаат 11 населени места од кои 6 се активни, 3 се со многу мал број на жители , додека во 2 воопшто нема население. Вкупен број на жители во општината изнесува 3,690. Населението се занимава со земјоделие и поседува голем број на земјоделска механизација , што може да се примети ако ја обиколиш општината. Некогашниот средновековен епископски центар Конче денес е типично рурална општина каде земјоделството, сточарството, водостопанството и шумарството беа и ќе бидат директно вклучени во развојот на општина Конче со посебен акцент на производството на високо квалитетен тутун од типот *Јака* од околу 1.000.000 килограми од производителите на нашата општина кое претставува 5% од вкупното производство на тутун во Р. Македонија за кое се заинтересирани повеќе домашни и странски компании за откуп на тутун. Во населените места во општината има регистрирано само мали трговски објекти (продавници), за линиски локален патен превоз и мал стопански капацитет за откуп и преработка на млеко. Покрај тутунот, општината Конче како редок природен ареал со 100% еколошки чиста животна средина со големи ресурси и потенцијали за производство на здрава храна располага и со огромно шумско и водно богатство. За развој на дрвната индустрија, како и за пчеларството, и особено ловниот и риболовниот туризам, имајќи ги предвид езерата Мантово, Конче 1 и Конче 2 и богатството на дивеч во Конечка планина како едно од најбогатите ловишта во Р.Македонија. Манастирскиот комплекс Св. Стефан изграден во 1366г. во с.Конче нуди и извонредни можности за развој и на црковно-културниот туризам, особено и со претстојната изградба на новите конаци. Општина Конче, покрај тоа е една чиста и еколошки здрава средина, располага и со огромни резерви на мермер, глина и бакарна руда со застапеност и на повеќе благородни метали, глина и бакарна руда со застапеност и на повеќе благородни метали што претставува и еден иден потенцијал на рударството, односно можен старт за еден нов профил и индустриски развој на општината.