Проект: Подобрување на туристичкиот потенцијал на општините Ќустендил и Конче – заедничка одржливa иднина
Договор бр.: РД-02-29-211/17.10.2016
ПРЕС КОНФЕРЕНЦИЈА
Општина Конче, 18 април, 2017 година
Краток опис на проектот:
Целосен назив на проекот: “Подобрување на туристичкиот потенцијал на општините Ќустендил и Конче – заедничка одржливa иднина“
Приоритетна оска: Туризам
Главна цел: Подобрување на достапноста до природното и културното наследство на територијата на општините Кустендил (БГ) и Конче (МК) за искористување на потенцијалот на двете страни од границата
Специфична цел: 2.1 Подобрување на туристичкиот потенцијал на регионот, преку иницијативи и соработка за подобра заштита и одржливо искористување на природното и културното наследство
Очекувани резултати:
- Поставена основа за одржлив развој на туризмот, унапредување на конкурентна понуда во областа;
- Зајакната соработка во рамките на регионот и зголемување на свеста за зачувување и промоција на природните и културните вредности;
- Подобрени капацитети (Човечки ресурси, опрема/инфраструктура) за одржлив туристички и економски развој.
Активности:
1.Имплементирање на системот за управување со проекти – со цел да се обезбедат ефективни инструменти за спроведување на проектните активности;
- Спроведување на Стратегија за комуникација и видливост – да се задржи комуникацијаta со целните групи и видливоста на активностите;
- Транспортен/пешачки пристап до природна атракција „Водопад Полска Скакавица“ – двофазна активност:
А) Рехабилитација на локален пат;
Б) Изградба на еко патеки и урбана опрема.
- Партерно уредување и поставување на урбана опрема во „Езерска населба Мантово“:
А) подобрен пристапот до природната атракција;
Б) обезбедено место за престој на туристите и посетителите со содржина која ќе ја
зголеми туристичката понуда.
- Работилница: “Соодветно однесување со клиенти” – да се зајакнат капацитетите на актерите во туризмот да обезбедат ефикасни услуги и грижа за туристите;
- Работилница: Одржливо користење на природата и културата за развој на туризмот – пренос на знаења и вештини на локалните учесници за ефикасна употреба на природните / културните ресурси за создавање на туристички производи;
- Студија за презентирање на природните потенцијали за развој на туризмот во Општина Ќустендил – двофазна активност:
а) Студија – собирање и презентација на материјали за природните потенцијали за развој
на туризмот;
Б) Изготвување на ДВД мултимедија;
- Презентирање на културните и природните туристички потенцијали на Општина Конче–трофазна активност:
А) Истражувања-мапирање на културни и природни ресурси;
Б) Изготвување на ДВД Мултимедија, и В) Изработка на туристички разгледници.
- Завершен настан–презентација на достигнувањата ; разгледување на можностите за понатамошна соработка.
Времетраење на проектот: 18 месеци
Датум на започнување: 18 октомври 2016 година
Вкупен буџет: 412.105,36 евра
Буџет за општина Конче: 172.003,38 евра
85% од буџетот е кофинансирано од ИНТЕРРАГ – ИПА Прекуграничната програма помеѓу Република Бугарија и Република Македонија – CCI 2014TC16I5CB006.
15% од буџетот е сопствено кофинансирање на општина Конче (Министерство за локална самоуправа на Република Македонија).