Финалниот настан на проектот „Подобрување на туристичкиот потенцијал на општините Ќустендил и Конче – Заедничка одржлива иднина” CB006.1.21.164 беше организиран во центарот на Ќустендил, на 2 април 2018год. Жителите и гостите уживаа во музичките и танцовите изведби на уметниците од Ќустендил и Конче – „Партнери- Ќустендил“ танцова формација и фолклорниот ансамбл од селото Дедино, општина Конче.