26-28 февруари 2018 год., Кустендил Општина Кустендил организира работилница на тема „Градење соодветен однос со клиенти“. Истата е наменета за зајакнување на капацитетите и можностите на вработените во сферата на туризмот за понуда на ефективни туристички услуги и подобрување на нивната работа во комуникацијата со посетителите и туристите. Работилницата се одржува на 26, 27 и 28 февруари 2018 год. (понеделник, вторник и среда) во Сината сала на културниот клуб „Братство 1869”, Кустендил. Работилницата е дел од проектот „Подобрување на туристичкиот потенцијал на општините Ќустендил и Конче – заедничка одржливa иднина“, бр. CB006.1.21.164, кофинансиран од ЕУ преку Интеррег – ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија 2014-2020.