Прва прес конференција за промоција на проектот „Подобрување на туристичкиот потенцијал на општините Ќустендил и Конче – Одржлива заедничка иднина“ Реф. бр. CB006.1.21.164, се одржа во Ќустендил на 31 март 2017 година со претставници од партнерската општина од Република Македонија – Општина Конче. Презентирани се целите на прекуграничниот проект, буџетот и финансирањето, главните активности и очекуваните резултати и продукти. Фокусот е даден на инвестициските активности за пристапен пат и пешачки пристап до локација “Полска Скакавица” на територијата на општина Ќустендил и за инсталирање на урбана опрема во туристичката населба Мантово (Општина Конче).